За компанијата:

Мелин е мала дизајнерска и производствена фирма која креира фин модерен мебел и архитектонски производи. Фирмата е основана во 1992 и е посветена на производство на производи кои ја балансираат елеганцијата и практичноста. Мелин е лоциран во околината на Охрид, во с. Оровник, приближно 7 км од Охрид, спроти Охридскиот аеродром. Зафаќа градбена површина од приближно 2500 m², поделена дел на производство и дел на продажен салон. Нашиот менаџмент има повеќгодишно искуство во дизајнирање, креирање, изработка и дистрибуција на мебел, огради и скалила за модерни ентериери и екстериери. Веруваме во секогаш испорака на време, осигурување дека производите ќе пристигнат безбедно и во одлична состојба. Во тек е воведување на стандард за квалитет ИСО 9001 : 2000.

 

За производите:


Мелин нуди модерна линија на домашен и угостителски мебел, истотака и изготвуваме уникатни решенија за скалила и огради. Мелин е препознатлив како водач во индустријата на обработка на инох. Овој примарен материјал со кој работиме вообичаено го комбинираме со други материјали како вештачка кожа, стакло, дрво и медијапан. Нашата уникатна комбинација на инох и другите материјали им дава на производите на Мелин чист и модерен изглед. Дизајните на Мелин ја истакнуваат пратичноста и економичноста на формата. Нашите дизајнери работат директно со клиентите за да креираат уникатни производи за нивните потреби. Работејќи директно со нашите клиенти им нудиме најдобра можна цена, избор и услови.

Дома:Инфо:Референци:Контакти

Copyright © 2007 Melin. All Rights Reserved